
| За примерокот | Овој примерок е самородно сребро. Тоа е во влакнеста форма. Потекнува од рудникот Саса. Овој е подземен рудник за олово и цинк што ископува 820 000 тони руда годишно. Се наоѓа во близина на селото Саса во општината Македонска каменица. Од 2017 год., рудникот Саса е во сопственост на компанијата Централна Азија Метали. Во оваа збирка примерокот од сребро стигна преку нашите колеги Глигор Јовановски и Петре Макревски. |
| Z | 47 |
| ρ / g/cm3 | 10.49 |
| tt, mp / °C | 961.78 |
| tv, bp / °C | 2162 |
| Ar | 107.87 |
| Електронегативност, (X) | 1.93 |
| Кристална структура | Кубична |
| Повеќе информации | https://www.webelements.com/silver/ |
