За примерокотХемискиот елемент јаглерод има неколку алотропски модификации. Некои од нив се дијамант, графит, аморфен јаглерод, фулерени и др. Од сите овие, во збирката се изложени дијамант и графит. Дијамантите се залепени на импровизиран статив од спајалица. Тие биле извадени од пила за сечење на мермер. Другиот, црн примерок, е графит. Тој е самороден графит најден во рудникот Саса. Овој е подземен рудник за олово и цинк што ископува 820 000 тони руда годишно. Се наоѓа во близина на селото Саса во општината Македонска каменица. Од 2017 год., рудникот Саса е во сопственост на компанијата Централна Азија Метали. Во оваа збирка примерокот од графит стигна преку нашите колеги Глигор Јовановски и Петре Макревски.
Z6
ρ / g/cm32,27
tt, mp / °C3500
tv, bp / °C4027
Ar12,01
Електронегативност, (X)2,55
Кристална структураХексагонална (графит), кубична (дијамант) …
Повеќе информацииhttps://www.webelements.com/carbon/