За примерокот | Овој примерок од железо е всушност примерок за анализа од железара. Тој датира од времето кога производството на челик се базираше на руда од рудникот Тајмиште. Рудата содржела 32-37 % железо во силикатна форма. Рудникот Тајмиште се наоѓа на источните падини на планината Бистра. Денес, компанијата Макстил произведува челик во форма на топло валани лимови. Наместо руда тие користат отпадно железо што го топат во печка со електичен лак. Примерокот е дониран од Раководителот на хемиската лабораторија за спектрални анализи, Станко Илиќ Попов. |
Z | 26 |
ρ / g/cm3 | 7,874 |
tt, mp / °C | 1538 |
tv, bp / °C | 2861 |
Ar | 55,845 |
Електронегативност, (X) | 1,83 |
Кристална структура | Kубична |
Повеќе информации | https://www.webelements.com/iron/ |