За примерокотОвој примерок е комерцијален примерок во ампула. Содржи 100 mg лантан. Примерокот од лантан е донација од американската компанијата Motion Creativ и нејзиниот извршен продуцент Никола Китановски како благодарност за обезбедената локација. Имено, Природно-математичкиот факултет, на Институтот за хемија, обезбедија една од локациите за снимање на филмот „Уште една игра“ во продукција на Motion Creativ на 1 април 2023 година. Во знак на благодарност, беа купени примероци од хемиски елементи, од израелската компанија The Periodic Element Guys и донирани за Збирката хемиски елементи. Голема благодарност до сопственикот на компанијата The Periodic Element Guys, Мајкл Бен Рафаел кој даде значителен попуст на цените и со тоа го зголеми бројот на донирани примероци на хемиски елементи. Во овој благороден чин на Никола Китановски и Мајкл Бен Рафаел Збирката на хемиски елементи е збогатена со примероци од F, Cs, Rb, Rh, Os, Ir, Ru, La, Ce и Pr.
Z57
ρ / g/cm36,146
tt, mp / °C920
tv, bp / °C3470
Ar138,905
Електронегативност, (X)1,10
Кристална структураХексагонална
Повеќе информацииhttps://www.webelements.com/lanthanum/