За примерокот
Овој хемиски елемент е комерцијален примерок купен преку Интернет. Неонот се наоѓа во стаклена ампула под намален притисок. Покрај него се наоѓа мини, Теслин трансформатор. Со вклучување на струјното коло трансформаторот создава поле со висок напон и висока фреквенција со што се предизвикува светење на гасот. Копчето – тастер се наоѓа на десната страна од рамката на изложбата. За да го видите светењето на благородниот гас, притиснете на тастерот со што ќе се вклучат трансформаторите во текот на 30 секунди. Потоа, за да не дојде до прегревање, во наредните 5-6 минути вклучувањето на Теслините трансформатори е оневозможено. Овој примерок е дел од приватната збирка на хемиски елементи на Методија Најдоски.
Z10
ρ / g/cm31,444
tt, mp / °C-248,59
tv, bp / °C-246,08
Ar20,1797
Електронегативност, (X)Нема податоци
Кристална структура Кубична
Повеќе информацииhttps://www.webelements.com/neon/