За примерокотВо збирката се дадени два примероци од платина. Едниот е сунѓереста платина и изгледа како прав во шишенцето, и е донација на британската компанија Џонсон Мети. Оваа најголема компанија во Македонија има фабрика отворена во 2010 година со повеќе од 680 вработени. Таа е и најголемиот извозник во Македонија, бидејќи на странските пазари учествува со една четвртина од македонскиот извоз. Џонсон Мети е компанија која има производи што го спречуваат загадувањето на воздухот од дизел и бензиските возилата. Имено, тие произведуваат: катализатори за оксидација на дизел (DOC), каталитички филтер за саѓи (CSF), уреди за селективна каталитичка редукција (SCR), филтри за селективна каталитичка редукција (SCRF), катализатор за складирање NOx (NSC), катализатор за отстранување на амонијак (ASC) наменети за контрола на емисии на полутанти кога се користи дизел и тринасочен катализатор (TWC) и тринасочен филтер (TWF) кога како гориво се користи бензин. Другиот примерок, како фолија од платина, е парче од платинско поклопче за платинско лонче.
Z78
ρ / g/cm321,09
tt, mp / °C1768
tv, bp / °C3825
Ar195,08
Електронегативност, (X)2,28
Кристална структураКубична
Повеќе информацииhttps://www.webelements.com/platinum/