За примерокотОвој примерок е комерцијален примерок во ампула. Содржи 100 mg родиум. Овој примерок од родиум е донација од американската компанијата Motion Creativ и нејзиниот извршен продуцент Никола Китановски како благодарност за обезбедената локација. Имено, Природно-математичкиот факултет, на Институтот за хемија, обезбедија една од локациите за снимање на филмот „Уште една игра“ во продукција на Motion Creativ на 1 април 2023 година. Во знак на благодарност, беа купени примероци од хемиски елементи, од израелската компанија The Periodic Element Guys и донирани за Збирката хемиски елементи. Голема благодарност до сопственикот на компанијата The Periodic Element Guys, Мајкл Бен Рафаел кој даде значителен попуст на цените и со тоа го зголеми бројот на донирани примероци на хемиски елементи. Во овој благороден чин на Никола Китановски и Мајкл Бен Рафаел Збирката на хемиски елементи е збогатена со примероци од F, Cs, Rb, Rh, Os, Ir, Ru, La, Ce и Pr.
Z45
ρ / g/cm312,45
tt, mp / °C1964
tv, bp / °C3695
Ar102,905
Електронегативност, (X)2,28
Кристална структураКубична
Повеќе информацииhttps://www.webelements.com/rhodium/