За примерокот | Селенот е хемиски елемент што има неколку алотропски модификации. Најстабилната е изложена во збирката елементи и е наречена сив селен. Примерокот е дониран од Методија Најдоски. Нов примерок од црвен селен е додаден на 17 мај 2023 год. Овој примерок е донација од нашиот исклучителен студент Михаил Трајков. Изложениот примерок е синтетизиран при редукција на селенеста киселина со сулфур диоксид. Сулфур диоксидот бил генериран во реакција на натриум дисулфит и сулфурна киселина. Na2S2O5 + H2SO4 = Na2SO4 + 2SO2 + H2O Потоа, овој гас е воведуван во воден раствор од селенеста киселина, дополнително закиселена со хлороводородна киселина на температура од 15 до 20 °C. Црвениот селен се добил според равенката: H2SeO3 + SO2 + 2H+ = Se + H2SO4 + H2O |
Z | 34 |
ρ / g/cm3 | 4,82 |
tt, mp / °C | 221 |
tv, bp / °C | 685 |
Ar | 78,97 |
Електронегативност, (X) | 2,55 |
Кристална структура | Моноклинична |
Повеќе информации | https://www.webelements.com/selenium/ |