За примерокотОвој примерок е самородно сребро. Тоа е во влакнеста форма. Потекнува од рудникот Саса. Овој е подземен рудник за олово и цинк што ископува 820 000 тони руда годишно. Се наоѓа во близина на селото Саса во општината Македонска каменица. Од 2017 год., рудникот Саса е во сопственост на компанијата Централна Азија Метали. Во оваа збирка примерокот од сребро стигна преку нашите колеги Глигор Јовановски и Петре Макревски.
Z47
ρ / g/cm310.49
tt, mp / °C961.78
tv, bp / °C2162
Ar107.87
Електронегативност, (X)1.93
Кристална структураКубична
Повеќе информацииhttps://www.webelements.com/silver/