За примерокотОвој примерок од талиум беше чуван во парафинско масло и беше со темна боја и корозиона обвивка. За да биде изложен, беше исчистен со хексан од маслото, а потоа ставен во концентрирана азотна киселина. Во меѓувреме тесна епрувета беше наполнета со аргон. Потоа, овој примерок од талиум беше измиен со изопропил алкохол, ацетон, па хексан, потсушен со парче хартија и ставен во епруветата со аргон. Благородниот гас аргон треба да го заштити овој примерок од влијанието на кислородот и способноста да го претвори овој метал во оксид и од влагата од воздухот да го претвори во хидроксид. Талиумот е мек метал и може да се сече со нож. Тој е многу отровен и може да предизвика рак. Овој примерок е дониран од приватната збирка на Методија Најдоски.  
Z81
ρ / g/cm311,85
tt, mp / °C304
tv, bp / °C1473
Ar204,38
Електронегативност, (X)1,62
Кристална структураХексагонална
Повеќе информацииhttps://www.webelements.com/thallium/