За примерокот
Овој примерок од железо е всушност примерок за анализа од железара. Тој датира од времето кога производството на челик се базираше на руда од рудникот Тајмиште. Рудата содржела 32-37 % железо во силикатна форма. Рудникот Тајмиште се наоѓа на источните падини на планината Бистра. Денес, компанијата Макстил произведува челик во форма на топло валани лимови. Наместо руда тие користат отпадно железо што го топат во печка со електичен лак. Примерокот е дониран од Раководителот на хемиската лабораторија за спектрални анализи, Станко Илиќ Попов.
Z26
ρ / g/cm37,874
tt, mp / °C1538
tv, bp / °C2861
Ar55,845
Електронегативност, (X)1,83
Кристална структураKубична
Повеќе информации https://www.webelements.com/iron/