За примерокотСеленот е хемиски елемент што има неколку алотропски модификации. Најстабилната е изложена во збирката елементи и е наречена сив селен. Примерокот е дониран од Методија Најдоски.  
 
 Нов примерок од црвен селен е додаден на 17 мај 2023 год. Овој примерок е донација од нашиот исклучителен студент Михаил Трајков. Изложениот примерок е синтетизиран при редукција на селенеста киселина со сулфур диоксид.
Сулфур диоксидот бил генериран во реакција на натриум дисулфит и сулфурна киселина.
Na2S2O5 + H2SO4 = Na2SO4 + 2SO2 + H2O
Потоа, овој гас е воведуван во воден раствор од селенеста киселина, дополнително закиселена со хлороводородна киселина на температура од 15 до 20 °C. Црвениот селен се добил според равенката:
H2SeO3 + SO2 + 2H+ = Se + H2SO4 + H2O
Z34
ρ / g/cm34,82
tt, mp / °C221
tv, bp / °C685
Ar78,97
Електронегативност, (X)2,55
Кристална структураМоноклинична
Повеќе информацииhttps://www.webelements.com/selenium/