За примерокот | Овој примерок е самороден бакар. Потекнува од рудникот Бучим. Рудникот се наоѓа во југо-источниот дел на Македонија, 15 km од најблискиот град Радовиш. Компанијата што го експлоатира рудникот процесира околу 4,5 милиони тони руда годишно, со што произведува приближно 40,000 тони бакарен концентрат. Во оваа збирка примерокот стигна преку нашите колеги Глигор Јовановски и Петре Макревски. |
Z | 29 |
ρ / g/cm3 | 8,92 |
tt, mp / °C | 1084,62 |
tv, bp / °C | 2927 |
Ar | 63,55 |
Електронегативност, (X) | 1,90 |
Кристална структура | Кубична |
Повеќе информации | https://www.webelements.com/copper/ |