За примерокот
Овој хемиски елемент е комерцијален примерок купен преку Интернет. Криптонот се наоѓа во стаклена ампула под намален притисок. Покрај него се наоѓа мини, Теслин трансформатор. Со вклучување на струјното коло трансформаторот создава поле со висок напон и висока фреквенција со што се предизвикува светење на гасот. Копчето – тастер се наоѓа на десната страна од рамката на изложбата. За да го видите светењето на благородниот гас, притиснете на тастерот со што ќе се вклучат трансформаторите во текот на 30 секунди. Потоа, за да не дојде до прегревање, во наредните 5-6 минути вклучувањето на Теслините трансформатори е оневозможено. При светењето може да се забележи необично осцилирање на светлината што е во врска со примерокот, а не во врска со природата на криптонот. Овој примерок е дел од приватната збирка на хемиски елементи на Методија Најдоски.
Z36
ρ / g/cm32,155
tt, mp / °C-157,36
tv, bp / °C-153,22
Ar83,798
Електронегативност, (X)3
Кристална структураКубична
Повеќе информацииhttps://www.webelements.com/krypton/