За примерокот            Примерокот од паладиум по својата форма е сунѓерест паладиум. Тој е донација на компанијата Џонсон Мети. Оваа најголема компанија во Македонија има фабрика отворена во 2010 год., со повеќе од 680 вработени. Таа е и најголемиот извозник во Македонија, бидејќи на странските пазари учествува со една четвртина од македонскиот извоз. Џонсон Мети е компанија која има производи што го спречуваат загадувањето на воздухот од дизел и бензиските возилата. Имено, тие произведуваат: катализатори за оксидација на дизел (DOC), каталитички филтер за саѓи (CSF), уреди за селективна каталитичка редукција (SCR), филтри за селективна каталитичка редукција (SCRF), катализатор за складирање NOx (NSC), катализатор за отстранување на амонијак (ASC) наменети за контрола на емисии на полутанти кога се користи дизел и тринасочен катализатор (TWC) и тринасочен филтер (TWF) кога како гориво се користи бензин.
Z46
ρ / g/cm312,023
tt, mp / °C1554,9
tv, bp / °C2963
Ar106,42
Електронегативност, (X)2,2
Кристална структураCubic
Повеќе информацииhttps://www.webelements.com/palladium/