За примерокот | Примерокот од радиум не е вистински примерок на радиум. Во овој случај направивме компромис. Овој примерок е збир на стрелки за часовници обоени со светлечка боја која содржи радиум-226 за да произведе радиолуминисценција. Тие светат во темнина бидејќи содржат смеса од цинк сулфид и малку сол на 226Ra. Радиумот од солта е радиоактивен и емитува алфа, бета и гама зрачење. Луминисцентната радиокативна боја од часовниците, во 1970-тите години, била заменета со побезбеден светлечки материјал базиран на тритиум, а подоцна, од средината на 1990-тите години, се користи нетоксичен, нерадиоактивен фотолуминисцентен материјал базиран на стронциум алуминат. Овој примерок е дел од приватната колекција на Методија Најдоски. Тоа е подарок од неговиот пријател Мајкл Бен Рафаел, сопственик на израелската компанијата The Periodic Element Guys, која продава примероци од хемиски елементи. |