За примерокотОвој примерок од хемиски елемент силициум содржи 95 % силициум. Потекнува од македонскиот производител на феросилициум што се наоѓа во Јегуновце. Фабриката е отворена во 1957 год., а нејзиното прво име беше Југохром феролегури. Подоцна, е преименувана во Силмак а потоа во Метал Инвест и во ноември 2016 год., беше присилно затворена кога не беше успеано да се намали степенот на загадување на околината. Рудите за  производството потекнуваат од повеќе локации. Примерокот во збирката е дониран од Ѕвонко Спасиќ преку Петко Петковски.
Z14
ρ / g/cm32,33
tt, mp / °C1414
tv, bp / °C2900
Ar28,086
Електронегативност, (X)1,90
Кристална структураКубична
Повеќе информацииhttps://www.webelements.com/silicon/