За примерокотОвие примероци се комерцијални. Двата, левиот и десниот примерок потекнуваат од една од нашите лаборатории. И двата се ставени во ампули во атмосфера од воздух. Примерокот на левата страна е бел фосфор којшто беше истопен и покриен со вода. Другиот примерок, на десната страна е црвен фосфор. Пред да се спакува и изложи, беше исперен со вода, исушен и спакуван во ампула. Ампулата во средината содржи црн фосфор. Овој примерок е дел од приватната колекција на Методија Најдоски и тој е подарок од неговиот пријател Мајкл Бен Рафаел, сопственик на компанијата The Periodic Element Guys, која продава примероци од хемиски елементи.  
Z15
ρ / g/cm31,82
tt, mp / °C44,2
tv, bp / °C277
Ar30,97
Електронегативност, (X)2,19
Кристална структураТриклиничен
Повеќе информацииhttps://www.webelements.com/phosphorus/