За примерокотОвој примерок е комерцијален примерок во ампула која е ставeна  во соодветно шишенце. Содржи флуор помешан со хелиум. Ако беше чист флуор, ќе реагираше со стаклото и ќе го нагризуваше. Смесата е под низок притисок што овозможува да свети при изложување на електричното поле на високонапонски трансформатор. Овој примерок од флуор е донација од американската компанијата Motion Creativ и нејзиниот извршен продуцент Никола Китановски како благодарност за обезбедената локација. Имено, Природно-математичкиот факултет, на Институтот за хемија, обезбедија една од локациите за снимање на филмот „Уште една игра“ во продукција на Motion Creativ на 1 април 2023 година. Во знак на благодарност, беа купени примероци од хемиски елементи, од израелската компанија The Periodic Element Guys и донирани за колекцијата. Голема благодарност до сопственикот на компанијата The Periodic Element Guys, Мајкл Бен Рафаел кој даде значителен попуст и го зголеми бројот на донирани примероци на хемиски елементи. Во овој благороден чин на Никола Китановски и Мајкл Бен Рафаел Збирката на хемиски елементи е збогатена со примероци од F, Cs, Rb, Rh, Os, Ir, Ru, La, Ce и Pr.
Z9
ρ / g/cm31,7 (флуор во цврста агрегатна состојба)
tt, mp / °C-219,62
tv, bp / °C-188.12
Ar18,998
Електронегативност, (X)3,98
Кристална структураМоноклинична
Повеќе информацииhttps://www.webelements.com/fluorine/